ВОДИЦИ ВО МАЛМЕ Свеченостите по повод Богојавленските празници во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме започна на 18.01.2006 година со извршувањето на Големиот Богојавленски водосвет во црква во Малме. По водосветот Прота-Ставрофор Блажо Кожарски со осветена Богојавленска вода во котле и светиот крст ги посети домовите на оние верници кои посакаа да се задржи оваа традиција.
На самиот ден Богојавление19.01.2006 година најпрвин се отслужи света литургија, на која присуствуваа верници несамо од Малме туку ги имаше и од Трелеборг, Еслев, Лунд, Чевлинге и Хелсинборг. По отслужената Света литургија од страна на парохискиот свештеник по традиција се лицитираше крстот и дел од иконите. За оваа година домаќин на Светиот крст е семејството на Петар и Бранка Џуфоски од Малме. Од самата лицитација се остварија приход за црквата од 10 800 шведски круни. Со литија се појде кон градскиот базен Aq -va -kul во Малме кој беше резервиран овој ден. Тука најпрвин се изврши Голем Богојавленски водосвет а потоа свештеникот го спушти Светиот крст во водите на базенот. По крстот скокнаа шест млади луѓе. Најпрв до целта да го фати крстот (од оние кои скокнаа) беше Дарко Иломаноски од Малме. Да подсетиме дека тој и минатата година го фати крстот. Потоа сите присутни беа поросени со света Богојавленска вода од страна на свештеникот. Голем број земаа света вода за своите домови. Дарко и оние кои скокнаа по крстот од страна на присутните беа наградени. Богојавлението - овој празник е спомен на осветувањето на јорданските води, но и на нашата човечка природа. На овој ден скоро дваесет столетија се навраќаме на тој настан, сите води брегови да заличат на јорданските од времето на Христа.
Нека Господ Бог биде со сите нас; оние кои присуствуваа на свеченостите, оние кои лицитираа во црка, оние кои скокнаа по крстот како и оној кој го фати, Богооткриениот Господ Бог да ни дарува мир, здравје и просветување.