АКТУЕЛНО


AKTУEЛНO РАБОТНО ВРЕМЕ ИСТОРИЈАТ УПРАВЕН ОДБОР АРХИЕПИСКОП
МИТРОПОЛИТ ПАРОХИСКИ СВЕШТЕНИК БОГОСЛУЖБИ ФОТOГAЛEРИJА КОНТАКТ ЛИНKOВИ

 



Вашите доброволни прилози можете да ги испратите на црковното Плусгиро:
87 80 55 - 3
на што посебно благодариме.

Напишете име и презиме!
 

 

 


 

Пролетна Забава на 30 април!!
Кликнете овде за повеќе информација....

- - - - - - - - - - - -

На сите православни Христијани им го честитаме воскресението Христово
- Велигден и ги поздравуваме со најрадосниот поздрав ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ.

- - - - - - - - - - - -

Велигденско Послание
г.г. Стефан
Читајте повеќе....

- - - - - - - - - - - -

Цветници
Во црквата на свети Наум Охридски во Малме
Читајте повеќе....

- - - - - - - - - - - -

Лазарова сабота
Архиерејска Божествена Литургија во Гиславед
Читајте повеќе....

- - - - - - - - - - - -

Претставници на државниот оддел за доделување на државни дотации на верски организации во посета на МПЦО „Свети Наум Охридски“
Читајте повеќе....

- - - - - - - - - - - -

Посета на претставници од Одделот за слободни црковни активности за Јужна Шведска
Читајте повеќе....

- - - - - - - - - - - -

Божествена Литургија во Малме
Читајте повеќе....

- - - - - - - - - - - -

Време е за критика врз нас свештенството
Митрополит Европски Пимен

Читајте повеќе....

- - - - - - - - - - - -

Годишно собрание, Малме

На 10 февруари 2008 година, по Божествената Литургија, во просториите при соборната црква на свети Наум Охридски во Малме, се одржа годишно собрание, на кое се избра нова управа.

- - - - - - - - - - - -


Прва Божествена Литургија во новиот соборен храм во Малме 27.01.2008

На радост на верниот македонски православен народ од Малме и околината, денес на 27.01. 2008 година, кога Црквата Божја го слави споменот на света Нина Грузиска, во новиот соборен епархиски храм во Малме, кралството Шведска, се отслужи првата Боженствена литургија. Со литургијата чиноначалствуваше надлежниот митрополит Европски г. Пимен во сослужение на парохискиот свештеник о. Блажо, парохот Гетеборшки о. Ефтин, игуменот Теофил од Дортмунд, гостинот од Преспанско-пелагониската епархија о. Горан и ѓаконот Илија од Малме. Во склоп на литургијата се извршија и првите крштевки, во овој македонски храм посветен на свети Наум Охриски, на чедата Божји Димитрија и Симеон.

На крајот од лутургјата митрополитот во беседата подвлече: ...со вградувањето на сите нас во изградбата на храмот, си отвараме можност, се додека постои истиот и се додека во него верниот народ предводен од своето свештенство принесува молитви на Бога, секогаш да си спомнува и за сите нас како ктитори, дарители и украсители на овој свет храм. А има ли поголема радост за нас христијаните од тоа нашите имиња да бидат запишани на небесата?

По завршувањето на Боженствената Литургија беа благословени помошните простории и свечената сала кои се во склоп на овој црковен комплекс. Прославата заврши со заедничка трпеза и стара македонска народна песна.

Кликнете овде за Фотогалерија Божествена литургија

Кликнете овде за Фотогалерија Крштевка

Кликнете овде за Фотогалерија Прослава во црквените простории

- - - - - - - - -

Сеноќно бдение во новата црква на свети Наум Охридски во Малме 26.01.2008

По големата заедничка желба на верниците и свештенството што подостојно да M у се благодари на Бога за излиената благодат и за услишувањето на нивните желби да се изгради автентичен македонски православен храм во Малме , Шведска, вечерта на 26.01. 2008 г. во касните вечерни часови се отслужи сеноќно бдение. На бдението присуствуваа верници од Малме, но и гости од околните градови и гости од соседните црковни општини од Гетеборг, Копенхаген и Хамбург.

Фотогалерија Вечерна богослужба Новиот Храм Свети Наум Охридски Малме

- - - - - - - - -

Вечерна богослужба стариот храм 26.01.2008

Последната вечерна богослужба, во стариот и веќе отуѓен храм посветен на светиот Наум Охридски, во саботата на 26. 01. беше отслужена од страна на надлежниот архиереј на Европската епархија г. Пимен во сослужение со повеќемина свештенослужите од епархијата и гости од Македонија. На вечерната богослужба, од престолот, беа извадени моштите со кои во 1985 година оваа црква беше осветена. Потоа со литија верниците предводени од свештентвото се упатија кон новиот соборен епархиски храм посветен исто така на свети Наум Охридски. По влегувањето во новиот храм, моштите беа положени во светата трапеза. Со тага во срцата што се напушта стариот, но и со неизмерна радост што може веќе да се собира и да се моли на Бога во новиот храм, верниот народ по завршувањето на вечерната служба си
чeститаше меѓусебно посакувајќи си што поскоро дозавршување на ова богоугодно дело.

Фотогалерија Последна вечерна богослужба во стариот храм.....

- - - - - - - -

Божествена Литургија 20.01.2008

Во недела на 20.01.2008 година, кога Светата Црква го прославува споменот на свети Јован Крстител Господен, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Божествена Литургија.

По отслужената света богослужба во соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски во Малме, Владиката присуствуваше на годишните собранија на македонскиот друштво „Пелистер“ во Трелеборг и културно-спортското друштво „Македонија“ во Малме.

- - - - - - - - -

Бодосвет 18.01.2008

Како и на повеќе места и храмови во Европската епархија така и во храмот посветен на Свети Наум Охридски чудотворец, се изврши голем водосвет со кој началствуваше Митрополитот г. Пимен со парохискиот свештеник Блажо Кожарски. Зборувајќи за значењето на овој водокрст и денешниот еднодневен пост Митрополитот го потсети верниот народ и на другиот, духовниот сегмент од постот: Светиот Јован крштеваше со покајно крштение а луѓето пристапуваа кон него и ги исповедаа своите гревови, поучете се од нив и не ја отфрлајте исповедта како нешто туѓо на православната црква, туку отворете ги вашите срца и исповедајте ги своите гревови.

- - - - - - - -

По повод Божикните празници и Новата 2008 година, Неговото Високопреосвештенство
Митрополитот Европски г. Пимен,
и парохискиот свештеник во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме,
Прота-Ставрофор Блажо Кожарски, примија голем број на честитки.
Неможејки на сите поединечно да им одговорат, ја користат можноста
и на овој начин да им се заблагодарат на сите честитајки го Рождеството Христово – Божик
и новото лето Господово, поздравувајки ги со Божикниот поздрав!

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Честита и од Бога благословено ново лето Господово.


- - - - - - - - -

Денес 9.1.2008 година , кога Светата црква го прославува Свети архиѓакон и прво маченик Стефан,
Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник
Прота-Ставрофор Блажо Кожарски, отслужи Света литургија во Соборниот храм посветен на
Свети Наум Охридски Малме-Шведска.

На крајот од Светата литургија Митрополитот г. Пимен прознесе празнично слово по повод празникот
и им го честита имениот ден и славата на сите оние кои го слават овој празник.

Бога благословено ново лето Господово.

- - - - - - - - -

Рождество Христово, Малме 07.01.2008

  Денес 07.01.2008 година , кога Светата Црква го прославува
Рождеството Христово - Божик, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение
на парохискиот светеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, отслужи Света
Литургија во соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски - Малме. По Светета
Литургија беше прочитана Божикната посланица на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ.

- - - - - - - - -

Божиќна порака 06.01.2008
од г. г. Стефан.
Читајте ја пораката овде....


- - - - - - - - -

На празникот на свети Наум Охридски

Денес, на 05.01.2008 година, кога Светата Црква го прославува Свети Наум Охридски, Македонската Православна Црковна Општина „Св. Наум Охридски“ - Малме
го прослави својот храмов празник.

По тој повод Негово Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен,
во сослужение на парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски,
отслужи Света Литургија во соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски.
По Светета литургија изврши Водосвет и го благослови и пресече празницниот леб.

- - - - - - - - -

Малме, Архиерејска Божествена Литургија (08.12.2007)

Денес, кога Македонската Православна Црква го прославува својот патрон Свети Климент Охридски, Митрополитот
eвропски г. Пимен во сослужение на парохискиот свестеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски отслужи Света Литургија во соборниот храм на Свети Наум Охридски во Малме, Шведска.

- - - - - - - - -

Привршува изградбата на соборната црква во Малме (06.12.2007)

Со благослов на Митрополитот eвропскиг. Пимен, забрзано се привршуваат работите околу изградбата на новиот соборен храм посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец во Малме. Пренесувањето на светите мошти од старата црква во новата, односно чинот на Мало осветување на црквата е планирано за 26 – 27 јануари 2008 година.



- - - - - - - - -

Од 26-28 Октомври 2007 година , во Охрид – Република Македонија, а во организација на Министерство за култура при Влада на Република Македонија и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Република Македонија, се одржа СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕЃУРЕЛИГИСКИ И МЕЃУЦИВИЛИЗАЦИСКИ ДИЈАЛОГ: „ПРИДОНЕСОТ НА РЕЛИГИЈАТА И КУЛТУРАТА ЗА МИРОТ, ЗАЕДНИЧКАТА ПОЧИТ И СОЖИВОТ“.

Од Шведска на конверенцијата учествуваа:

Jan-Erik Levy, генерален секретар на оделот за доделуванје на дотации на верски организации при влада на Шведска.

Sven –Bernhard Fas , генерален секретар на Шведско Христијанскиот Совет.

Прота-Ставрофор Блажо Кожарски, парохиски свештеник во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме.

На крајот од конференцијата се усвои и делкарација.

Наредната Светска конференција ќе се одржи 2010 година повторно во Охрид Република Македонија.




- - - - - - - - -

Во петок, 19.10.2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен ја посети Амбасадата на Република Македонија во Копенхаген - Кралството Данска. Се запиша во книгата на жалоста отворена по повод смрта на Тоше Проески.


- - - - - - - - -

Денеска кога Светата Црква ја прославува Преподобна Пелагија, недела 21.10.2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европска г. Пимен во сослужение на парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, во соборниот храм на свети Наум Охридски – Малме, Шведска, отслужи Заупокоена Божествена Литургија за покој на душата на Тоше Проески. На Светата Литургија присуствуваа голем број на верници кои се причестија со Светите Христови Тајни.


По Светата Литургија Владиката Пимен заедно со парохискиот свештеник Блажо Кожарски имаше разговор со учениците што посетуваат настава по македонски јазик заедно со нивната учителка Роза Ристевска од Малме.

Денеска 17.10.2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европска г. Пимен во сослужение на парохискиот свештеник прота-ставрофор Блажо Кожарски, во Соборниот храм „Св.Наум Охридски“ – Малме-Шведска, отслужи помен за покој на душата на покојниот Тоше Проевски, кој загина во тешка собраќајна несреќа во Република Хрватска.

Во Недела 21.10.2007 година во истиот храм ќе се служи и заупокоена Света литургија во истиот храм.
 

 

 

 



Во сообраќајна несреќа во
Хрватска на вчерашен ден 16.10.2007 почина познатиот македонски пејач Тоше Проески, кој беше верно чедо на Македонската Православна Црква.
Нека му е вечен споменот.
Во 13.00 часот помен во МПЦ.

- - - - - - - - -

Денеска Недела 14.10. 2007 година, кога Светата црква го празнува празникот
Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел, Митрополитот Европски г. Пимен
во сослужение со парохискиот свештеник Прота-Ставрофор Блажо Кожарски отслужи
Света литургија во Соборниот храм „Св. Наум Охридски“ – Малме – Шведска.

По Света литургија во присуство на голем број на вериници, во новиот храм
(кој е сеуште во градба) изврши водосвет, во чест на јубилејот четири години од
поставувањето на каментемелни за градење на новата црква во Малме.

За слики кликните овде!

- - - - - - - - -

Се продолжува со активностите околу средувањето на црквата. Во Сабота 18.08.2007 година се поставија дел од прозорците на црквата.

- - - - - - - - -

Денeс кога Света црква го празнува празникот Успението на Пресвета Богородица - Голема Богородица,
Негово Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Света литургија во Соборниот храм Свети Наум Охридски во Малме со парохискиот свештеник протоереј ставрофор Блажо Кожарски.
На Света литрургија пристапија голем број на верници кои се причестија. По Света литургија се изврши промоција на Православниот календар за 2008 година во издание на ЕУО на МПЕ за Европа и книгата Огненена река исто така во издание на ЕУО на МПЕ за Европа а во чест на четирисетгодишниот јубилеј на од возобновувањето на МПЦ.

 
 

 

 

г.г.Стефан г. Пимен Прота Ставрофор Блажо Кожарски г. Пимен г. Пимен г. Пимен Верници Отец Блажо Кожарски г. Пимен Верници Новата Црква Сала/Канцеларии г. Пимен Ученици по македонски јазик со учителката Роза Ристеска Учениците Помен за Тодор Тоше Проески